Муцунски: Тошковски, Петрова, Велковски, Трипуновски и Андоновски се кандидатите за министри и дополнителни заменици министри
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски информираше за одлуките кои биле донесени на седницата на Извршниот комитет на партијата, а се однесуваат на предлозите за министри и заменици министри за техничката владата.
На чело на Министерството за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, актуелен претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен адвокат. За нов дополнителен заменик министер за финансии е предложена Елена Петрова, висок професионалец во областа на финансиите. Ѓоко Велковски е нов предлог за кандидат за министер за труд и социјална политика. За нов дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација е предложен Стефан Андоновски, досегашен меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје. Цветан Трипуновски за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа