На депонијата во Визбегово фатени камиони како истураат токсичен смет и градежен отпад

Сакам да ја известам целата македонска јавност дека ставивме крај на уште една дива депонија на територијата на град Скопје, депонија што со децении ги труе скопјани, информира градоначалничката Данела Арсовска.

„Депонијата се наоѓа во населбата Визбегово, a нашите инспектори на самото место затекнаа камиони и тешка механизација како истураат токсичен смет и градежен отпад по што беше повикана и полицијата да реагира. Она што било дозволувано со години и поминувало неказнето денес се санкционира, сопствениците ќе одговараат кривично со својот имот и со својата слобода. За крај, им се обраќам на сите оние што со ваков екоцид штетат на здравјето на граѓаните, заврши вашето време, заврши времето на неказнивоста, одговорност ќе има за сите“, вели Арсовска.

 
29.01.2024 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа