На само 36 години почина бодибилдерот Илија

 

Познатиот чешки бодибилдер Илија Голем ненадејно почина на 36-годишна возраст, а причината за смртта не е објавена во јавноста.

Иако неговото вистинско име беше Илија Јефимчук, Чехот во светот на бодибилдингот беше познат како Илија Голем, а го имаше и прекарот „Мутант“.

Покрај тоа што бил бодибилдер, Илија заработувал и како фитнес инструктор, а починал на 36 години.

Неговата смрт го потресе светот на бодибилдингот, а фановите на социјалните мрежи изразуваат неизмерна тага.

 

 

 

– Тоа не се години во кои треба да заврши животот, без разлика на околностите. Жално е да се слушне дека некој толку млад замина – е еден од потресните коментари.

Чехот влезе во светот на бодибилдингот како тинејџер, а еден џин му беше апсолутен идол.

 

 

– Знаев само дека сакам да имам гради и бицепси како Арнолд Шварценегер – изјави тој во 2020 година во интервју за „Мускуларен развој“.

Илија пред смртта бил висок 185 сантиметри и тежок речиси 160 килограми, а се стремел да ја надмине границата од 160 килограми, а во исто време да има многу низок процент на телесни масти.

Никогаш не криел дека во одредени периоди од животот бил на исхрана која барала да внесува повеќе од 15.000 калории дневно!

 

 

Да потсетиме, Илија Голем не е првиот бодибилдер кој почина оваа година, бидејќи пред него светот го напуштија Кристофер Бернер, Дага Фручи, Данијел Бродхурст и Кевин Гебхарт.

12.09.2024 - 19:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега