Над 100 загинати во нападот на воената академија во Сирија

Повеќе од 100 лица загинаа денеска во напад на воена академија во Хомс во централниот дел на Сирија, покажуваат податоците објавени од невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права, додека во исто време во турските напади врз курдските области загинаа девет лица.

Во нападот на свеченото унапредување на офицерите на сирискиот режим загинаа „повеќе од сто лица, од кои половина дипломирани воени и 14 цивили“, а 125 се ранети, соопшти организацијата со седиште во Велика Британија, која во своите извештаи се потпира на широка мрежа на извори во Сирија.

Цивили и припадници на армијата загинаа во напад на воена академија во провинцијата Хомс во централна Сирија, соопшти сириското Министерство за одбрана во соопштение, додавајќи дека терористичките групи користеле беспилотни летала во нападот, пренесува Ројтерс.

Во соопштението не се наведува ниту една организација, и ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за нападот. Сирискиот министер за одбрана присуствуваше на церемонијата на промоција, но си замина неколку минути пред нападот, изјави извор од сириските безбедносни служби и безбедносен извор во регионалната алијанса која ја поддржува владата во Дамаск против опозициските групи.

05.10.2023 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега