Наставничката по математика, Ѓавочанова, седнува на местото на Заев во Собранието

Драгица Ѓавочанова влегува во Собранието како нова пратеничка на местото на Зоран Заев кој си поднесе оставка, пренесе порталот 360 степени.

ДИК на седница го усвои извештајот и го додели уверението за мандатот, по што сега процедурата повторно се враќа во законодавниот дом каде на собраниска седница треба да се верификува нејзиниот мандат.

Ѓавочанова доаѓа од Богданци. Таа беше на 11. по ред на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 4. Во оваа изборна единица социјалдемократите освоија 10 пратеници, а по оставката на Заев кој беше носител на листата во „четврката“, во парламентот влегува следниот од листата, во случајот Ѓавочанова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2020 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа