Нетанјаху: Хамас мора да биде поразен како и Исламската држава

 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху  во Тел Авив се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и им се заблагодари на САД, на претседателот Џозеф Бајден и на Блинкен лично за поддршката со пораката дека Хамас мора да биде уништен, како и т.н. Исламска држава (ИД).

„Претседателот Бајден беше апсолутно во право кога го нарече ова чисто зло. Хамас е како ИСИС и како што ИСИС е победен, така мора да се победи и Хамас“, рече Нетанјаху и посочи дека посетата на Блинкен е „уште еден пример за недвосмислена американска поддршка на Израел“, пренесува Тајмс оф Израел.

 
12.10.2023 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега