Незири: Албанците никогаш немале поголема моќ отсега, со ДУИ и Алијанса

 

„Помина времето кога македонскиот дел правеше што сакаше со Албанците, дури и да беа три политички субјекти“, изјави во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва првиот човек на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири.

Тој жали што има поделеност меѓу албанските партии, кажувајќи дека колку повеќе се обединети партиите, толку повеќе корист ќе имаат Албанците.

„Лошо е што албанскиот глас ќе се подели“, кажа тој.

„Реалност е дека Албанците никогаш не уживале толкава моќ како сега со ДУИ и Алијанса за Албанците. Сите економски сектори ги водат Албанци. Министерство за правда е водено од Албанци, здравството го водат Албанци“, изјави меѓудругото Незири.

13.11.2023 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега