Николова: СДСМ за неполни пет години ја зголеми минималната плата за над 6.000 денари

Трајко Славевски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот во Град Скопје е најгласниот противник на зголемувањето на минималната плата, обвини на денешната прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

„Ако претходно Славески велеше дека поголема минимална плата ќе значела крах за домашната економија, тој сега вели дека барањето за зголемување на минималната плата било нереално и неоправдано. Славевски како претседател на Советот во Град Скопје добива месечен надоместок од околу 35.000 денари. Скоро три минимални плати добива Славевски за да биде десна рака на Данела Арсовска да дејствува против граѓаните, против работниците“, посочи Николова.

Претставничката на владејачката партија кажа и дека, за разлика од партијата на Славески, ВМРО-ДПМНЕ, која со години ја држела минималната плата замрзната, СДСМ за неполни пет години ја зголемила минималната плата за над 6.000 денари и, како што рече Николова, ќе продолжи да ја зголемува.

„Заедно со синдикатите, со работодавачите, ќе се најде договор и минималната плата оваа година повторно ќе биде зголемена, без разлика колку и да се противи ВМРО-ДПМНЕ“, порача таа.

05.02.2022 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега