Ќе седнувате во автомобил? - еве каква е состојбата на патиштата

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по суви коловози.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово – Дебар - Струга, Гостивар - Стража, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес и Куманово-Крива Паланка.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

Според информација од Министерството за транспорт и врски се воведува времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, во период од 01.07 до 31.08.

Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

05.07.2014 - 10:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега