Презакажана венчавката на Новак и Јелена - еве зошто

Венчавката на првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ  и неговата избраничка Јелена Ристиќ  е презакажана поради временските неприлики кои се очекуваат во Будва. 

Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ ќе го кажат судбоносното „ДА“  два часа пред веќе закажаниот термин во 18.30, пишува црногорски „Вести“.

Како што пишуваат  црногорските медиуми  денешната венчавка ќе се одржи на терасата на спа-ценарот на Кралската плажа каде што веќе се поставени шатори, а тоа е на само 20 метри од местото каде што младенците ќе ги кажат своите завети.

 

10.07.2014 - 16:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега