Идниот понеделник нема да се работи - еве ги сите неработни денови до крајот на годината

Програма на неработни денови за 2014 година

Идниот понеделник е неработен ден за сите граѓани на Македонија. 28 јули нема да се работи поради првиот ден од празникот Рамазан Бајран кој го прославуваат муслиманските верници.

Ова се сите неработни денови до крајот на годината

За сите граѓани на РМ

• 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

• 02 август (сабота), Ден на Републиката

• 08 септември (понеделник), Ден на независноста

• 11 октомври (сабота), Ден на народното востание

• 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци

• 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

 

• 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

14.07.2014 - 09:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега