Крвав вторник: Еве што се случувало на скопските улици

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и девет со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле девет возачи, еден велосипедист и еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, пет возачи без возачка дозвола, 19 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, како и седум возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 51 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

16.07.2014 - 09:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега