Децата со посебни потреби бесплатно ќе уживаат во штипскиот базен

Општина Штип и Градскиот базен им овозможува на децата со посебни потреби во текот на летната сезона бесплатно да ги користат услугите на базенот. За ова информираше Вања Џамбазова вработена во Општина Штип која воедно ги повикува родителите на децата со посебни потреби да се обратат до Одделението за јавни служби при Општина Штип и да достават решение или наод и мислење за степенот на попреченоста, со цел да добијат бесплатен билет.

- Значи ова е инклузија на децата со посебни потреби, покрај едукацијата во текот на летниот период да се релаксираат и овие летни горештини полесно да ги надминат, вели Џамбазова.

Идејата за бесплатен влез на децата со посебни потреби е дадена од самите родители. Децата со посебни потреби  кои ќе го посетуваат Градскиот базен мора да бидат во придружба со родителите.

17.07.2014 - 13:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега