Ништо од капењето во Охрид и Дојран - еве какво ќе биде времето

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Нестабилноста ќе биде повеќе изразена особено во попладневните часови.

На места ќе има изолирана појава на невреме проследена со град и со силен ветер и со силни изразени електрични празнења.

Во вечерните часови ќе има извесно стабилизирање на времето, односно преодно стабилизирање на времето и облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој на места повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје времето попладне ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во охридско-преспанскиот регион во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во дојранскиот регион ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Утринската ќе се спушти до 22, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

 

 

22.07.2014 - 09:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега