Невреме во Македонја: 25 литри дожд на метар квадратен во североистокот

Невреме вчера ја зафати Македонија. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатите 24 часа се наврнати 13 литри на метар квадратен во Скопје на Зајчев Рид, 12 во Куманово, три во Крива Паланка, Тетово и во Дебар, два во Маврово и еден литар на метар квадратен во Скопје - Петровец и во Штип. Во другите места каде што се врши мерење наврнатите количини се помалку од литар или, пак, немало врнежи.

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во попладневните часови ќе има поинтензивни процеси со услови за појава на невреме со град и силни електрични празнења, особено во северните и североисточните делови каде се очекува да наврнат повеќе од 25  литри дожд на метар квадратен. Преку денот ќе дува умерен ветер од јужен правец кој во Повардарието повремено ќе се засилува.

Температурата ќе се движи од 25 до 32 степени.

 

22.07.2014 - 09:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега