Собранието со полни раце работа

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за финансирање и буџет,  за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.  

На дневeн ред на Комисијата за економски прашања е Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, а на  Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, и двата во прво читање.

Комисија за финансирање и буџет ќе ги разгледа предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за девизната инспекција, на Законот за супервизија на осигурување, на Законот за финансиските друштва, на Законот за регистрирање на готовински плаќања, на Законот за данокот на додадена вредност,  како и измените на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, сите во второ читање. На дневен ред се и предлог законите за данокот на добивка, за еднократно отпишување на долговите на граѓаните, двата во второ читање, како и за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, двата во прво читање.

Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа за предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности, за дополнување на Кривичниот законик и за прекршоците, сите во второ читање, како и  за предлог - законите за дополнување на Законот за договорен залог, за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, и за изменување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, трите во прво читање.

Законодавно-правната комисија ќе разгледа повеќе предлог - законски решенија меѓу кои и за изменување и дополнување на Законот за девизната инспекција, на Законот за регистрирање на готовински плаќања и на Законот за супервизија на осигурување, трите во второ читање. 

22.07.2014 - 09:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега