Вечерва почнува манифестација Топол културен бран

Вечерва во Велес стартува традиционалната летна културна манифестација Топол културен бран, под покровителство на Министерството за култура во соработка со општините.

Манифестацијата ќе започне со настап на оркестарот на Пеце Атанасовски во придружба на женска пејачка група на сцената на амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес. Оркестарот е составен од традиционални музички инструменти: гајда, кавал, тапани и други инстументи и продуцира етно обработки на македонската народна музика.

Општина Велес со особена гордост го најавуваат ансамблот "Аксак" од Република Франција коишто изведуваат балканска музика. Настапот почнува во 22 часот.

- Станува збор за петнаесет  музичари од различни делови на Франција кои се на патување по Балканските земји. Ја истражуваат и ја презентираат музиката на балканските народи, информираше Мартин Мајсторов, портпарол на Општина Велес.

22.07.2014 - 09:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега