Митрев: Ќе го разрешам деканот ако доцентите ги исполнуваат условите, во спротивно нека се повлечат

Како ректор на Универзитетот  „Гоце Делчев” од Штип, во кој сум од првиот момент од создавањето на оваа институција, чувствувам обврска да го зачувам достоинството на универзитетот кој неосновано е вовлечен во проблем, без никаква своја вина, стои во соопштението до мeдиумите од ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“Проф. д-р Саша Митрев.

На мислење сум дека само вистината може да биде решение на овој создаден проблем.

За да се избегнат било какви манипулации со јавноста, за да се избегне ситуација на маченици и репресивна управа на универзитет, ги повикувам доцентите-штрајкувачи да одредат 3 редовни професори од групата од наставници која сака да се вклучи во штрајкот или било кои други наставници кои штрајкувачите ќе ги одредат, заедно со 1 правник и 1 редовен професор од УГД и еден претставник од МОН, да направи точна и недвосмислена евалуација на сегашните рецензии на трите наставници и нека излезат со извештај до јавноста дали сегашните рецензии на овие наставници ги задоволуваат нормите за избор на вонредни професори кои се предвидени во Законот за високо образование, а тоа се:

За вонреден професор може да биде избрано лице:

  1.     кое има научен степен доктор на науки од научната област во која се избира
  2.     објавени најмалку пет научноистражувачки трудови во соодветната област во меѓународни научни списанија
  3.     или меѓународни научни публикации
  4.     или три научни труда во научно списание со импакт фактор во последните пет години
  5.     учество во научноистражувачки проекти, односно значајни достигнувања во примената на научноистражувачките резултати
  6.     придонес во оспособувањето на помлади наставници и
  7.     кое покажало способност за изведување на разни видови високообразовна дејност и
  8.     позитивна оценка од самоевалуацијата.

Ако сегашните доценти ги исполнуваат горенаведените услови за избор во вонредни професори, јас како ректор јавно ќе се извинам за направените грешки во името на Економскиот факултет при УГД и ќе го разрешам деканот на Економскиот факултет поради грешки во водењето на постапката за избор.

Ако пак сегашните доценти не ги исполнуваат горенаведените услови согласно законот,  само нека се повлечат од сегашната претстава за да го задржат достоинството, дигнитетот и угледот на УГД, на другите универзитети и на целото високо образование во Република Македонија.

Интегрален текст од соопштението за медиумите.

22.07.2014 - 13:25
Фото: 
Курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега