ФОТО: Џастин Бибер трага по девојка од реклама

Тинеџерската ѕвезда  Џастин Бибер на Истаграм објави фотографија на русокоса девојка која се појавува на реклама на „Гес“ и под неа напиша: „Која е оваа манекенка на „Гес“, прекрасна е“.

Секако ваквата негова објава не беше најдобро прифатена од неговите обожувателки.

Некои напиша: „Џастин те молам престани да објавуваш фотографии од модели“, додека други застанаа во добрана на неговата поранешна девојка: „Џастин, а Селена? Се сеќаваш на неа?“.

Но, никој не се сети да праша што се случува со Јована Вентуро, за која таблоидите веќе некое време пишуваат дека е девојка на Бибер. 

22.07.2014 - 16:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега