Повеќе скопски населби утре без струја

Корисниците од улицата „Бутелска“ утре од 8 до 15 часот ќе останат без струја, а 8 до 16 часот дел од корисниците од Арачиново, кај полициската станица. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати од страна на ЕВН Македонија АД.

Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Партизански Одреди“ бр.119, блок бр.6 во општина Карпош.

Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „500“ и околните улици во населбата Илинден, а од 9.30 до 15.30 часот дел од корисниците од улицата „4“ во Бардовци. 

Во периодот од 12 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „20“ во Сарај.

22.07.2014 - 17:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега