Романија бара да биде домаќин на самитот кој го откажа Македонија

 Пред почетокот на министерскиот состанок на земјите членки на ПСИЈЕ кој се одржува денеска во Охрид, Романија дала предлог таа да биде домаќин на самитот што го откажа Македонија.

Романија дала предлог самитот кој го откажа претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, сепак да се одржи и тоа веќе утре, а домаќин да биде Романија.

На овој предлог од страна на Романија земјите членки на ПСИЈЕ треба да одговорат до пладне.

Сепак, помеѓу делегациите владеел ставот дека овој предлог Романија да биде домажин на самитот и тој сепак да се одржи е уште понавредлив за нашата Република.

најчитано сега