Четворица повредени во невремето во битолско, уништени овошни насади во Ресен

Во битолското село Граешница, гром удри во стадо овци кое овчарите го криеле од невремето под дрво. Еден од овчарите од ударот завршил во битолската Клиничка болница каде денес се опоравува, пренесува Сител.

 Градот со големина на орев и јајце кој ја погоди Преспа, го оштети родот од 30 до 100 проценти, а овошките нема да даваат род и во наредниот период, оценуваат агрономите. Најголеми штети се предизвикани во атарите на селата од Перово до Крушје.

Од УХМР велат изминатото деноќие во Битола наврнале 33 литри на метар квадратен, 24 во Претор, а само 5 во Прилеп. Поројни дождови и грмотевици, синоптичарите најавуваат и денес и утре. 

23.07.2014 - 19:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега