ВМРО-ДПМНЕ: Со пораз од 1:3 СДС го има најслабиот резултат во историјата


ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДС. 436 илјади гласа пред 154 илјади на СДС е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС има најголем пораз во историјата. Разликата во гласови е 1:3.

СДС има најмал број пратеници во собранието од кога постои.

Лошите политики го бетонираа СДС на дното.

Следува време на одговорно работење. Забрзан економски раст, борба против корупцијата и европска интеграција.

Потребни се коренити и брзи промени. Народот повторно ќе ја чувствува Македонија како своја“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

23.05.2024 - 09:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега