Над 100.000 Македонци во јули заминале на одмор во Грција - во Охрид само 600

Над 100.000 Македонци само овој месец заминале на омор во Грција, пишува Дневник. Наспроти оваа бројка, во Охрид, каде оваа е една од најлошите туристички сезони, летуват само 600 домашни туристи

„Во 2013 година вкупно 1.572.371 Македонци се упатиле кон трите гранични премини што водат кон Грција. Во првото полугодие од годинава, Богородица, Стар Дојран и Меџитлија ги преминале 708.089 домашни посетители. Иако според туристичките работници, е тешко да се направи процена колку наши туристи летуваат кај јужниот сосед, според статистиката колку семејства ја поминале границата и ако таму потрошиле по 500 евра од семејство (бидејќи во најголем дел се упатуваат на летување), може да се заклучи дека лани и во првата половина од годинава по потрошени пари и по бројот на минувањата на границата кај Македонците нема голема разлика. Многу мал пад на летувања во Грција е забележан во минатата година, ако се земат предвид податоците на Стопанската комора за туризам, а за споредба, ова лето во Охрид може да се оцени како едно од најлошите, според бројот на домашните посетители.

Од Асоцијацијата на хотелиери на Македонија - ХОТАМ изнесоа податок дека нема повеќе од 600 Македонци на летување во најразвиениот туристички град во земјава, ако се исклучат тие што имаат станови во Охрид. Но, и тие во последно време се воздржуваат од одење таму, најчесто поради лошите временски услови“ - пишува Дневник

Целата анализа прочитајте ја во Дневник

24.07.2014 - 00:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега