Африканскиот слон со најосетлив нос меѓу животните
Африканскиот слон во својот геном има речиси 2000 гени поврзани со миризливите рецептори, тврдат научниците
Ова значи дека слоновите имаат пет пати поразвиено чувство за мирис од луѓето, и два пати повеќе од кучињата. Со тоа слонот го презема првото место од досегашниот шампион - стаорецот.
Очигледно, носот на слонот не е само најдолг, туку и најуспешен, изјави водачот на студијата Јошихито Нимура од Универзитетот во Токио.
Точниот начин на функционирање на миризливите рецептори кај слонот сеуште не е познат, но неговата улога во преживувањето низ еволуцијата е очигледна. Осетот за мирис им помага да најдат храна или партнер и да ги избегнат непријателите.
Научната студија е направена со споредба на миризливите сетила на слонот во однос на други 13 животни меѓу кои кози, зајаци, индиски свињи, крави и шимпанза. Приматите и луѓето имаат најслаби гени за мирис, а Нумура објаснува дека тоа може да се должи на силниот развој на сетилото за вид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа