„Како да најдам работа и да ја задржам“?

Секторот за локален економски развој од општина Куманово во соработка со консултантската фирма Гешташлт Солушнс (Гесталт Солутионс) од Куманово ја организира обуката „Како да најдам работа и да ја задржам?“, наменета за невработени лица од општината, а поддржан од Амбасадата на Кралството Норвешка.

 

- Обуките започнуваат на 4. јуни годинава во општинската сала за состаноци.На обуката се пријавија над триесетина, главно млади невработени лица, кои ќе проследат шест модули за барање и задржување на работното место, информира раководителот на секторот за локален економски развој,Зоран Павловски.

Предавачи на обуката ќе бидат преставници од секторот за економски развој и од „Гешталт Солушнс“. Младите ќе се обучуваат како да дојдат до информација за добро работно место,како се подготвува апликација,ќе се запознаат со процесот на професионална селекција, ќе се обучат како да остават впечаток при интервјуирањето, а ќе имаат можност да научат и за одредени вештини и развивање на критичко мислење,потребни за идното вработување.По завршување на обуката,ќе бидат доделени и сертификати.

најчитано сега