Се поставува улично осветлување на патот од Билјанини извори до Свети Стефан

Агенцијата за државни патишта денеска од општина Охрид го презема во своја надлежност уличното осветлување на потегот од бензинската пумпа Билјанини извори до Свети Стефан.

На овој потег, како што информира директорот на Агенцијата Љупчо Георгиевски, има околу 220 канделабри. На некои места недостасуваат канделабри и светилки, а некаде и цели кабли, кои поврзуваат одредени делници.

 

- Во периодот што следи, по сите поправки и санации, канделабрите ќе бидат пуштени во употреба. Од денес официјално ќе почнат да светат сите сијалици кои се во употреба, а во рок од недела-две сите ќе бидат доведени во исправна состојба, изјави Георгиевски.

 

 

Надлежните потврдуваат дека во пресрет на туристичката сезона, делницата ќе биде целосно безбедна за одвивање на сообраќајот.

ФОТО: Сител