Груевски: Ребалансот на буџетот е за доизградба на автопатот кон Гевгелија

Зголемувањето на средствата во Буџетот со мини ребалансот не е заради пораст на платите, пензиите или социјалната помош, туку заради забрзување на градбата на автопатот кон Гевгелија. Ова го појасни денеска претседателот на Владата, Никола Груевски по пуштањето во употреба на повеќенаменското игралиште во населбата Триангла.

- Зголемувањето на платите, пензиите и социјалната помош беше проектирано во Буџетот, а малото зголемување на буџетскиот дефицит се однесува на зголемување на средствата кои се додаваат за градба на автопатот кон Гевгелија. Градбата се одвива добро и според предвидената динамика, па дури и побрзо, а за да нема никаков застој се додаваат средства, изјави Груевски.

Тој посочи  дека проектот за доизградба на автопатот кон Гевгелија вреди над 200 милиони евра од кои само околу 40 милиони евра се покриени со европски грант.

27.07.2014 - 21:55
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега