Намалена казната за Шапкар - наместо седум три години затвор

Охриѓанецот Кристијан Шапкар ќе одлежи три година затвор смртта на Ирина Муцунска, одлучи апелациониот суд во битола според информации на Пресс 24.

Судот ја намалил казната поради олеснителни околности за кои пред јавноста не се давао образложение.

Претходно од основниот суд во Охрид Шапкар беше осуден на 7 години затвор за глисерската несреќа во која загина Муцунска.

Несреќата се случи во август 2009 во водите на Охридското езеро каде Шапкар со глисер го прегази глисерот на Муцунса, а потоа во неговата крв беа откриени околу еден промил алкохол.

Во охридскиот суд се одржаа 15 рочишта од кои 9 се одложуваа на барање на обвинетиот.

ФОТО: Дневник

најчитано сега