„Пролетни звуци“ - симфониски концерт за деца

Денеска напладне Македонската филхармонија ќе одржи симфониски концерт за деца насловен „Пролетни звуци“, со музика од Вивалди, Григ, Чајковски, Штраус и Бетовен, инспирирана од пролетта

- Концертот ќе им овозможи на децата незаборавно музичко патување, со ммногу сонце, прекрасно цвеќе, весели птици. Низ волшебниот и прекрасен свет на пролетните звуци ќе ги води миленикот на детската публика, младиот актер Мартин Јорданоски или ним познатиот Волшебникот Сон, а со оркестарот ќе раководи Саша Николовски Ѓумар, соопшти Филхармонијата.

ФОТО: МТВ

најчитано сега