Бомба трансфер- Фалкао преминува во Јунајтед

По откажувањето на Реал Мадрид кружеа гласини дека Радамел Фалкао најверојатно ќе заврши во Манчестер Сити, сепак медиумите пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ во последен момент ја победиле конкуренцијата и го договориле трансферот на Колумбиецот.

Неколку медиуми од Англија ја потврдија информацијата, според која Јунајтед се договорил со Монако околу трансферот на Фалкао, а висината на обештетувањето е 65 милион евра.

Фалкао денес треба да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на 4-годишен договор според кој ќе заработува 9 милиони евра по сезона.

 

01.09.2014 - 11:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега