Горан Пандев пристигна во Истанбул

Македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев пристигна во Истанбул и во текот на денешниот ден треба да го официјализира својот трансфер во редовите на повеќекратниот првак на Турција, Галатасарај. Пандев заедно со Блерим Џемаили се тандемот, кој од Наполи се селат во редовите на Галатасарај.

Пандев при доаѓањето во Истанбул беше пречекан од навивачите на турскиот клуб и притоа се фотографираше со шал на новиот тим. Двајцата нови играчи не одговараа на новинарски прашања, туку се упатија во комплексот на Галатасарај каде ќе ги минат и лекарските прегледи.

Во новиот клуб тренер на Пандев ќе му биде Чезаре Прандели.

Во својата кариера во странство досега Пандев настапуваше за италијанските екипи: Интер, Лацио, Наполи и како позајмен во Специа и Анкона. Почетокот на кариерата го имаше во струмичка Беласица.

01.09.2014 - 12:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега