Манчестер Јунајтед мора да победува

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал, сеуште нема остварено победа на официјален натпревар. Тој на воведните три натпревари во англиската Премиер лига загуби од Свонси, а ремизираше со Сандерленд и Барнли.

- Тим како Манчестер Јунајтед мора да победува. Со два од девет можни бодови, потребно е да се подобриме, вели искусниот ван Гал за медиумите од Англија.

Фановите на клубот се радуваа дека Холанѓанецот ќе овозможи успеси на славниот англиски состав.

- Добри сме. Правиме одлични можности за погодок и потребно е да ги искористиме. Мора да победуваме, доодава ван Гал.

Манчестер Јунајтед во следната рунда на „Олд Трафорд“ ќе го пречека составот на КПР.

01.09.2014 - 15:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега