Радовиш: Радовишанец и струмичанец краделе што им дојде при рака

Момчиња од Радовиш и Струмица си заработија кривична пријава поради тешка кражба.

Се работи за 15-годишниот А.А. од Радовиш и 18-годишниот Ф.Ј. од Струмица кои извршиле шест тешки кражби од кои една во обид.

Малолетникот и неговиот пријател на подрачјето на Радовиш со употреба на погоден предмет од три куќи и три патнички возила одзеле две радио ЦД, сателитски ресивер, ДВД, бор машини...

Разбојниците причиниле материјална штета во износ од 63.500 денари.

најчитано сега