Слаткар и Сања чекаат бебе?

Популарниот рапер Слаткар и екс манекенката и ТВ водителка Сања Николиќ најверојатно чекаат бебе“ – тврди анонимен извор за порталот „Либертас“.

sanja-bebe

Шпекулациите ги поткрепил со фактот  дека двојката која неодамна правеше свадба е видена како излегува од една позната скопска гинеколошка клиника. Додека излегувале од клиниката се бакнувале и биле видно расположени.

„Имав чувство дека се многу среќни и мислам дека Сања е бремена“-  изјавил изворот за кој се тврди дека е многу  близок до славната двојка.

Сепак најблиските на Слаткар и на Сања велат дека се уште од нив не слушнале ваква вест. 
„Вчера се видовме и ништо не ми кажа“ - вели за Press24 еден од најблиските другари на Марко.

10.09.2014 - 20:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега