Бени Нон Стоп, Тавитјан, Куку Леле - погледнете кој се ќе не забавува на Вино Скоп 2014
Овогодинешното издание на реномираниот вински фестивал Вино-Скоп 2014 , покрај понудата на широка винска селекција, вкусна храна и апетисани , најавува и вистинска музичка експлозија која ќе ги задоволи дури и најистенчените вкусови на музичките љубители.
Oд 24 до 28 септември на плоштадот Карпошово востание, ќе имаме можност да уживаме во музиката на :
Браќата Тавитијан и проектот македонското срце чука во 7/8 со изненадување-специјален гостин; Хроматик поинт – Етно Метал бенд чие време допрва доаѓа; секогаш позитивната рокерка Дани Димитровска; Ххл- млад и перспективен рок бенд од Тетово; мајсторот на ноќните свирки- Бени Шакири и Нон Стоп; Тоа е тоа – бенд составен од музички имиња од легендарните Конкорд, Лева Патика, Цилиндар;
битолчаните Фолтин со универзалната музичка експертиза; ска панк бендот Офчестра од Приштина; Само Тони и Две Жени - лудо кабаре шоу - кавер и комедија; по пауза од скоро една деценија концерт на македонскиот срце кршач- Дарио; еден од доајените на македонската народна песна- Миле Кузмановски; Клевала македонски етно џез бенд; Митан проџект - обновена македонска народна музика со Андријана Јаневска и многу други македонски музички генијалци; двократните победници на Гуча, Србија - Уска Кан оркестра-прогласени за најдобар меѓународен оркестар за 2014; Маријан Мониќ - млада ѕвезда oд хрватската естрада пратен од гитаристот Кристијан Ковач;
незаборавните хит мејкери- Куку Леле; младата сензација- Бета Хаус; Благица Павловска-легендарната македонска фолк дива; актерот Тони Михајловски и Скандал Састаф; како и Дј Тина-тематски целодневни забави; Чалгии и др.
Вино Скоп e фестивалот кој секоја година ја одбележува есента во Скопје.По осми пат оваа година спремете се за будење на сите ваши сетила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа