Нова турска инвестиција во Центарот за плодност

Еден милион евра е новата турска инвестиција во изградба на Центарот за плодност лоциран во Скопје. Центарот веќе е пуштен во употреба, со најсовремена апаратура, и искусни лекари од Турција, Албанија и Македонија од областа на гинекологијата, урологијата, анестезиологијата и генетиката, заедно со ембриолог.

Шефот на одделот за ембриологија, доктор Бирол Ајдин на денешната средба со новинарите посочи дека центарот гарантира за своите резултати и медицинската процедура и оти наплатата ќе биде откако резултатите ќе бидат видливи. Посочи дека ќе има пет методи и оти има резултат кај секого.

- Во нашата работа ние создаваме живот и знаеме колку драгоцен и кревок може да биде посебно во одредена фаза од процесот. Токму порди тоа нашата политика е да понудиме резултати, а со тоа и да предизвикаме нечија среќа. Методите што ги користиме, експертиза со која што располагаме и тимот на едуцирани и реномирани специјалисти ни овозможува загарантирани резултати во нашата работа, истакна Ајдин.

Извршниот директор Серпил Каја истакна дека нивниото центар нуди поразлични услуги од другите болнички установи со имплементацијата на новиот иновативен систем.

- Многу побрзо, поудобно и со минимален стрес. Во нашиот центар трошоците за ин витро ополодување можат да биде покриени и преку Фондот за здравствено осигурување, рече Каја.

12.09.2014 - 13:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега