Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски  производи во јули годинава изнесува 1.072.337.000 денари што претставува зголемување за 7,4 проценти во споредба со  јули  минатата година.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 8,6 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 6,4 проценти. 

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување  кај индустриските, градинарските и фуражните растенија, грозјето и добитокот, говорат податоците на Статистика.

12.09.2014 - 15:50
Фото: 
денар.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега