Европа ја тресе криза - македонската економија во подем

Со раст на БДП од 4,3%, Македонија останува лидер во Европа. Додека најголемите економии во еврозоната во вториот квартал заврши со лоши резултати, земјава вторите три месеци од оваа година ги заврши со подобри бројки од претходниот период, пишува Економски.мк.

За споредба најголемата европска економија, Германија во вториот квартал забележа пад од 0,2%, втората најголема економија, Франција е во стагнација, а третата, Италија е во рецесија. Во еврозоната вториот кввартал покажа стагнација (0,0% раст), а БДП во ЕУ падна за 0,2%.

За разлика од големите економии, оваа година Македонија има олдични макроекономски показатели во сите области. БДП во првото полугодие има кулумативен раст од нешто над 4%, што е над проекциите на Владата, НБРМ и меѓународните институции.

Невработеноста паѓа и натаму, и според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика сега изнесува 28,2%, што е историски најниско ниво во последните дваесетина години.

Нивото на странските директни инвестиции е за над 50% поголемо од лани. Бројката, според најавите дополнително ќе се зголемува со оглед на инвестицискиот бум кој е најавен за есенва.

Целиот текст може да го прочитате на Економски.мк.

13.09.2014 - 11:19


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега