Црвенковски се враќа во СДСМ

Црвенковски се враќа во СДСМ преку своите луѓе. Партиски извори од кои се незадоволни од како што велат вазалскиот однос кој Заев го развива према Црвенковски велат дека струмичкиот градоначлник дополнително сакал да му се додвори на вечниот лидер во обид да ја добие неговата поддршка.
Истите извори велат дека за да ја покаже својата лојалност му предлозил на Црвенковски Игор Ивановск ии Гордан Георгиев да се вратат во партискиот врв. Станува збор за кадри во кои Црвенковски имаше најголема доверба. Ивановски беше и генерален секретар на партијата во вермето на вечниот лидер, а Гордан Георгиев потпретседател.
Со тоа, според истите извори, Заев сакал да покаже почитување кон Црвенковски и да побара благослов од него за своите политики. Тие коментираат дека станува збор за чувство на вина поради нивното изоставување од пратеничките листи на последните парламентарни избори.
Се шпекулира дека се подготвува враќање и на Јану Макрадули и Горан Минчев но за тоа Заев чекал погоден момент.
Високи функционери од претходното раководство велат дека Заев е загубен со своите политики и дека гази на тенок мраз. Поради тоа, чести биле кавгите во раководните тела, а постојаните ретерирања и поставување и повлекување на кадри создавале тензична атмосфера во партијата. 

13.09.2014 - 12:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега