Порастот на платите и пензиите ќе го подобри стандардот на граѓаните

Сојузот на синдикати на Македонија смета дека Предлог-буџетот за 2015 година со кој се предвидува зголемување на платите, пензиите и социјалните трансфери, е развоен и ќе им овозможи на граѓаните полесно да ги надминат последиците од кризата.

- Развојната компонента ја гледаме од повеќе аспекти. Пред се со самото зголемување на платите ќе се обезбеди и зголемување на општата потрошувачка, а со тоа и развој на целата држава. Ваквата стратегија овозможува следење на потребите на вработените за да ја надминат кризата, односно со зголемувањето на платите се обезбедува позитивно соочување со кризата која беше присутна и се уште трае, оценува претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Со ваквата реализација на буџетот, според Митревски, се исполнуваат барањата на синдикатот за зголемување на платите. 

- Ова е потврда дека социјалниот дијалог функционира во државата и оти се исполнува договореното, потенцира Митревски. 

Предлог-буџетот за 2015 година беше усвоен од страна на Владата на Република Македонија и е доставен на разгледување во законодавниот дом. 

16.09.2014 - 09:17


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега