Две први награди за општествена одговорност за ЕВН Македонија

ЕВН Македонија и годинава е добитник на повеќе награди на манифестацијата, “Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на претптријатијата 2013“, која ја организира националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Бизнис конфедерацијата на Македонија. Годинава Националната награда е поддржана од проектот “Општествена одговорност за сите” ко-финансиран од ЕУ.

ЕВН Македонија доби прва награда во категоријата односи на пазарот и тоа за проектот Платформа за енергетска ефикасност” , како и прва награда во категоријата однос кон вработените со проектот “Стратешки интегриран пристап за поддршка на професионалниот развој на младите”.  

Платформата е форма на долгорочна соработка меѓу ЕВН и Министерството за економија во доменот на енергетската ефикасност, а подршката во развојот на младите кадри е стратешка определба на компанијата.

Целта на Платформата е преку конкретни активности да се подигне свеста за потребата од промената на навиките во насока на рационално искористување на енергијата. Исто така, посебен фокус беше ставен на поголема примена на енергетската ефикасност во малите и средните претпријатија.

“ЕВН Македонија се залага за рационално трошење на енергијата, односно да живееме и работиме со ист квалитет, но со помалку потрошена енергија. Како членка на интернационалната ЕВН Групација, ЕВН располага со големо знаење и искуство од доменот на енергетската ефикасност кое може да го пренесе на корисниците во Македонија. Партнерството со Министерството за економија ни придонесе да ја направиме Платформата успешен проект“, изјави Вернер Хенгст, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Напредокот на младите, пак, во областа на нивниот професионален развој е особено важен и ние секогаш сме подготвени да им дадеме соодветна поддршка, додаде Хенгст.

 

ЕВН Македонија повеќе пати е наградувана на манифестацијата “Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на претптријатијата“. Наградите во скоро сите категории добиени во изминативе шест години покажуваат дека определбата на ЕВН Македонија, постојано да се вложува за доброто на сите во земјава не е само декларативна, туку конкретна и наменета за вистинските потреби на општеството. 

16.09.2014 - 14:36


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега