Му експлодирал автомобилот паркиран пред зграда - кавадарчанец остана без својот „Цитроен“

 

Во неделата околу 2:20 часот, експлодирал автомобил „Цитроен Ц-4“, кој бил паркиран на паркинг плац во Кавадарци, објавува Дневник.

Од велешката полиција информираат дека 29-годишен кавадарчанец пријавил дека во неделата му било опожарено возилото „Цитроен Ц-4“, кое било паркирано на паркингот пред неговата зграда.

- Опожарен е предниот дел на возилото каде што стои моторот, изгорена е предната лева гума и оштетено предното ватробранско стакло. Се работи на утврдување на материјалната штета направена на возилото како и на расчистување на случајот , истакнал портпаролот на СВР Велес, Ненко Александров, пренесува Дневник.

најчитано сега