Јунакот од македонските народни приказни дел од „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“

Јунакот од македонските народни приказни Влатко Дојчиновски ја поддржа кампањата „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“.

- Ја поддржувам кампањата за безбедност во сообраќајот и со задоволство ја облеков жолтата маичка која претставува симбол на кампањата . Пред само една недела на жалост учествував во сообраќајна несреќа, ме спаси безбедносниот појас. Да не ги почитував правилата денес можеби немаше да бидат тука. Среќен сум што во несреќата останав неповреден и немаше жртви. Почитувајте ги правилата, почитувајте го животот. Користете безбедносен појас и возете со пропишана брзина, апелираше актерот.

19.09.2014 - 10:42


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега