Доделени Нобеловите награди за смешни научни достигнувања

Научниците кои мереле колку се лизгави корите од бананите, како сланината го прекинува крварењето од носот или ја истражувале реакцијата на бувот на луѓето маскирани во поларни мечки, се добитници на овогодишната Нобелова награда за смешни научни достигнувања. 

Годишната награда, која има за цел да забавува, но и да ги поттикне глобалните истражувања и иновации ја доделуваат Летописи на неверојатни истражувања, како комичен пандан на Нобеловата награда чии добитници ќе бидат објавени наредниот месец.

Од десет награди, четири завршија во рацете на научниците кои на многу посебен начин ги интересираше храната. Така, тим јапонските научници заслужија Нобелова награда за физика со истражувањето колку е опасно да се стои на кора од банана.

Други научници истражуваа што се случува во мозокот на луѓето кога во тостот ќе го видат лицето на Исус Христос, како фекалиите на новородено бебе можат да се искористат во производство на колбаси за готвење и како сланината да се стави во носот за да престане крварењето.

Овогодишната Нобелова награда замина и кај истражувачите кои ја мереле болката што луѓето ја чувствуваат додека гледаат грди уметнички дела, испитувањето дали мачките како домашни миленичиња се опасни за менталното здравје на сопственикот и зошто луѓето кои доцна одат во кревет имаат повеќе психички проблеми.

Фаворитот на Марк Абрахамс, уредник на Летописи и идеен зачетник на „смешниот“ Нобел беше студијата на норвешки и германски научници кои тестирале како бувовите реагираат на луѓето облечени во костуми на поларни мечки. Меѓу добитниците се и научници од Чешка, Германија и Замбија  кои откриле дека кучињата сакаат да легнат така што телото ќе им се совпадне со линиите на Земјиното геомагнетско поле во насока север - југ, како и италијанската Национална статистичка канцеларија која големината на економијата ја зголеми така што во приходите ја вклучи заработувачката од проституција, трговија на наркотични кријумчарења и други казнени дела.

19.09.2014 - 15:00


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега