Колин Ферел во втората сезона на „Вистински детектив“

Колин Фарел официјално го потврди ангажманот во вторта сезона на хит-серијата „Вистински детектив“.

Фарел ќе ја игра улогата на еден од тројцата исражувачи кои работат на случајот со крвавото убиство на корумпиран локален бизнисмен. Веќе е најавено дека втората сезона на успешната серија нема да биде „мрачна како првата“.

- Многу сум возбуден. Знам дека ќе бидат осум епизоди за кои снимањето ќе трае од четири до пет месеци. За деталите за снимањето знам само многу малку. Само знам дека ќе биде во околината на Лос Анџелес,  што би знчело дека ќе можам да останам дома и да ги гледам моите деца изјави Фарел за „Сандеј Ворлд“. 

22.09.2014 - 09:51


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега