ФОТО: Што остана од највредното оружје од СФРЈ вредно 4 милијарди долари?

Некогаш најопремената југословенски воен аеродром Јосип Броз Тито сместен длабоко во утробата на планината Пљешавица со надимак Бихача, денеска е целосно пропаднат. По струка дипломиран инжинер за радарски систем и потполковник на авијацијата во авио службата Иван Прша вели дека тоа е воено дело изгледало импозантно во 1968 година кога и официјално било отворено. 

Тоа беше најсилниот воен аеродром по инфраструктура во цела Југослација. Внатре беше сместена една авијациска бригада од 60 авиони и повеќе од 3000 луѓе, меѓу кои имаше 500 офицери, околу 900 подофицери и околу 2000 војници. Имаше капацитет на опслужување на три авиобригади во случај на потреба. Совршено штител од изненадувачки напади“, вели Прша. 

 

Тој додава дека тоа било најсилно чуван воен објект во поранешната држава. 

 

Тогашната војска на Југославија на 17 мај 1992 година го минирала аеродромот со 56 тони експлозив и со тоа целосно го онеспособила. Времето предизвика да неговата внатрешност целосно пропадне. 

Премиерот на USK Хамдиј Липиваќ 2011 година најави можност да на оваа локација се направи современ карго аеродром. 

Но, висината и исплатливоста на инвестициите ја диктираат реализацијата на проектот. Упатените велат дека тоа не е исплатливо, додека за некој вид на музејски туризам внатрешноста на аеродромот не е сигурна. 

 

Еве како изгледаше некогаш титовиот аеродром

Прекап проект

 

Бихаќ и Краина кога би се здружиле со Корејник и Госпиќ, ќе немаат доволен капацитет на летови за да одржат еден таков аеродром. Поради тоа обновата на еден ваков аеродром би бил вистинска еутопија и промашена инвестиција“, вели Прша.

Потоа додаде:

„Имаше разговори тоа да биде аеродром за теретни авиони и проектот да биде понуден на потенцијални странски инвеститори. Но, изработката на проекто е прескапа, а инвеститорите не сакаат да вложат додека не видат исплатливост. 

Водечки загадувачи

Инспекторот на GP и поранешните падобранци на ЈНА, Хазим Алагиќ вели дека голем проблем претставуваат опасните отровни материи кои настанале во пожарот по минирањето. 
„Поради тоа они додека не биде извршена деконтаминација, се неупотребливи за каква било активност. Граничната зона, во која се наоѓа аеродромот, е голем резервоар со плитки извори кои водат до Клокот, Привилица и Жегар, како и водоводот на градот Бихаќ, но и Смијановци кој го снабдува Рипаќ“, вели Алагиќ.

 

 

 

24.09.2014 - 17:48


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега