Сампдорија ја доби битката за Џенова

На Самдорија и беше доволен само еден постигнат гол за да забележи победа на градското дерби со Џенова која ја имаше улогата на домаќин на синоќешниот натпревар од 5.коло во Серија А.

Маноло Габијадини во 75.минута беше стрелец на победоносниот гол кој ја врати Сампдорија на 3.место на табелата, а дали ќе остане таму по оваа рунда зависи од резултатот на вечерашниот натпревар меѓу Удинезе и Парма.

Покрај средбата во Удине, вечер играат и Палермо - Лацио.

Резултати на досега завршените натпревари: Сасуоло – Наполи 0:1, Чезена – Милан 1:1, Киево – Емполи 1:1, Интер – Каљари 1:4, Торино – Фиорентина 1:1, Џенова – Сампдорија 0:1, Рома – Верона 2:0 и Аталанта – Јувентус 0:3.

Табела: Јувентус 15 бодови, Рома 15, Сампдорија 11, Удинезе 9, Интер 8, Милан 8, Верона 8,... 

29.09.2014 - 09:44

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега