Струмица: И влегол дома за да ја ограби - еве што му направила 89 годишната баба

Дваесетидеветгодишен струмичанец, пред десетина дена маскиран влегол во куќата на брачна двојка на возраст од 88 и 89 години, им ја уништил телефонската инсталација и им се заканил дека ќе ги убие, ако не му дадат пари.

Жената на возраст од 89-години успела да му ја тргне маската и го препознала разбојникот, по што тој побегнал.

СВР Струмица соопшти дека откако разбојништвото било пријавено од двајцата струмичани, против И.Н. е поднесена кривична пријава, јави „Струмица нет“.

 

 

29.09.2014 - 10:36

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега