Среда среќен ден! - гран-при џек пот од 468.500 денари за скопјанец!

Средата е дефинитвно среќна. Ова го потврдува и Мустафа Шабани од Скопје кој благодарение на играта Кено, освои Гран-При Џек Пот.

 КЕНО, Твоја игра, твоја среќа! Среќата му се насмевна на Мустафа Шабани од Скопје, кој го доби најголемиот ГРАН-ПРИ ЏЕК-ПОТ од почетокот на КЕНО во Македонија.Среќниот Мустафа, триесет и едногодишниот скопјанец, во средата 24.09.14, го „фати“ гран-при џек-потот во играта Кено, во висина од 468.500 денари! Во објектот на SPORT LIFE обложувалници во Топанско поле, Мустафа уплатил 100 денари за неговиот последен КЕНО тикет тој ден, со бројките 18 и 49, кои не биле добитни во тековното извлекување. Но, среќата го послужила откако на екранот по извлекувањето се појавил серискиот број 02443560 на неговиот тикет со рекордната гран-при џек-пот добивка на КЕНО играта досега!

 „Играм КЕНО откако почна во вашата обложувалница и имав претчувство дека кога-тогаш ќе имам добивка. Играм секој ден по неколку тикети, имам и мои среќни бројки кои ги вртам на сите тикети и понекогаш добивам, понекогаш не, но таква е играта“, раскажува Мустафа.

„Во вторникот одиграв неколку тикети и кога од последниот не беа извлечени моите бројки, го стуткав тикетот, но како да имав претчувство дека сепак може да бидам ’добитен’.  Ги погледнав бројките кои беа извлечени во џек-потот и не можев да поверувам дека мојот тикет ми ја донесе главната премија, а тоа беше многу повеќе од тоа што очекував“, продолжува среќниот добитник.

 Џек-потот кој стигна до 468.500 денари, а по одбиените даночни обврски,  Мустафа подигна 421.650 денари или скоро 7000 евра!

 „Знаев дека кога-тогаш ќе имам среќа во КЕНО. Ова е многу интересна игра, ќе продолжам да ја играм и да се надевам на други добивки. На сите можам да им порачам да почнат да играат КЕНО и да си ја бараат среќата, таа нема да дојде самата“, посакува Мустафа.

 По исплатениот рекорден џек-пот, фондот за главната премија почна повторно да се полни и во моментов изнесува околу 30.000 денари. Бројките за КЕНО и КЕНО ГАЛАКСИ можете да ги уплатите на секои пет минути во уплатните места на SPORT LIFE обложувалници. 

 Имате одлична шанса во едно од 144-те кола секој ден да си ја побарате и сами вашата среќа!  Вечерва во 79то коло на НОВОЛОТО, во 20ч на Сител Телевизија, Мустафа ќе и биде гостин на прекрасната водителка Марјана

01.10.2014 - 09:35

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега